Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи. Тој во финалето немаше сила против актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот, Стивен Да Коста каде беше поразен со 8-0.
На патот до финалето Павлов беше подобар од Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси во полуфиналето, а претходно ги совлада и Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.
Ова е историски резултат за македонското карате и освојување на само втор медал од светските собири, втор по тој на Жарко Арсовски кој беше бронзен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА