Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов го освои златниот медал на силната Премиер-лига во Москва, откако денеска во категоријата до 60 килограми во финалето го совлада Турчинот Ерај Семдан со 3-1.
Претходно во квалификациските борбо одржани во петокот Павлов беше подобар од Ласло Киш од Унгарија со 4-1, Матиас Гарсија од Шпанија (6-0), Летонецот Калвис Калининис 5-3 и Бразилецот Даглас Бросе 2-0, а во полуфиналето го совлада актуелниот светски шампион Италијанецот, Анџело Крешенцо.
Премиер-лигата во Москва е еден од турнирите кои се бодуваат за виза за Летните олимписки игри во Токио следната година, на кои за првпат каратето ќе биде дел од официјалната програма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА