Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва стигнаа до нова победа во ВТБ-лигата, овојпат на домашен терен против Астана со убедливи 96-66. Астана е првиот клуб со кој Рајковиќ настапуваше во ова силно регионално натпреварување, но македонскиот стратег денеска не покажа милост кон тимот од Казахстан, славејќи со убедливи 30 поени разлика.
Интересно, гостите од Казахстан беа подобри во првата четвртина добивајќи ја со 18-23, но ЦСКА се разбуди во вториот период и на одмор замина со предност од 47-38. Доминацијата на рускиот кошаркарски гигант продолжи до самиот крај, па ЦСКА ги доби двоцифрено и третата и четвртата четвртина, за убедлив триумф и кревање на атмосферата пред наредните предизвици.
За ЦСКА Москва ове беше седми триумф на седмиот меч во ВТБ-лигата, одлична рехабилитација по поразот во Супер-купот на ВТБ пред околу еден месец.
Најефикасни во тимот на Рајковиќ при денешниот триумф беа Ембаје со Жан-Шарл и Жекири со по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА