Македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со триумф од 90-82 над Уралмаш ги започнаа подготовките за новата сезона. Во изедначениот натпревар пресудна беше последната четвртина која „армејците“ ја добија со 26-17.
Ова е првиот од неколкуте предвидени пријателски средби пред почетокот на новата сезона која за ЦСКА Москва и Рајковиќ започнува со натпреварите од Суперкупот на ВТБ лигата кој ќе се одржи од 22. до 25. септември.
Од денеска македонскиот стратег ќе може да смета на услугите на доскорешниот кошаркар на Партизан, Далас Мур и рускиот центар Андреи Десјатников кои потпишаа кратки договори и ќе имаат шанса да се докажат во „црвено-синиот“ дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА