Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со перфектни 22 победи на 22 натпревари го завршија регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата. До перфекција московскиот тим стигна со вчерашниот триумф во мечот на колото против Зенит во кој „армејците“ славеа со 100-80.
Македонскиот стратег кој веќе го собори рекордот по бројот на победи едно по друго во ВТБ лигата стана втор тренер во историјата на лигата кој го завршил основниот дел со максимален ефект, а прв во постоењето на ЦСКА и прв воопшто во лигата кој имал 22 победи во 22 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА