ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ ја забележаа четвртата победа во низа во ВТБ лигата откако во 14. коло славеа на гостински терен против Астана со убедливи 78-112 во натпревар кој имаше посебно значење за македонскиот стратег кој се врати на добро познато место.
Фаворитската улога московскиот тим ја потврди уште од самиот старт добивајќи ја првата четвртина со 18-27, а ЦСКА Москва продолжи во одличен ритам и до крајот на средбата. На полувремето (37-62) веќе беше решен победникот за мирно второ полувреме.
Тоа е тринаесетти триумф за тимот предводен од македонскиот стратег со што ЦСКА Москва остана на три победи повеќе од второпласираниот Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА