Емил Рајковиќ испиша историја во ВТБ-лигата

Ниту еден тренер во историјата на силната регионална ВТБ-лига не успеал да забележи 18 победи од стартот на една сезона. Се додека Емил Рајковиќ не седна на клупата на ЦСКА Москва и успеа да го урне овој фантастичен рекорд, уште еден доказ за врвната работа на македонскиот кошаркарски стратег.

Тој со „армејците“ вечерва му гостуваше на тимот на MБА Москва, меч што ЦСКА го доби со убедливи 75-92. Интересно е што МБА беше тимот што на полувреме имаше минимално водство, но советите на Рајковиќ на полувремето вродија со плод, па ЦСКА ја доби третата четвртина со убедливи 7-29, практично решавајќи го прашањето на победникот.

ЦСКА останува главен фаворит за трофејот во ова натпреварување, пред Уникс Казањ на нашиот Ненад Димитријевиќ и тимот на Зенит.

Се вчитува...