Искусниот македонски стратег Емил Рајковиќ потврди дека ја напушта Астана на крајот на сезоната. Тој помина неверојатни три сезони во казахстанскиот шампионат каде три пати ја освојуваше титулата.
„Морам да кажам дека одлуката околу заминување од Астана беше неизбежна. Поминав три прекрасни години во Астана, но јас и мојата фамилија сакаме да се вратиме во Европа како би можеле моите ќерки образованието да го продолжат во Македонија“, изјави Рајковиќ.
Емил Рајковиќ пред интернационалната кариера во Астана во домашниот шампионат ги водеше и Фени Индустри, Работнички, МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА