Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва продолжуваат со победничката серија во рускиот шампионат. „Армејците“ дојдоа до 19-та победа во исто толку натпревари во Русија, откако денеска на гости го совладаа составот на Енисеј со 81-109.
Противникот на Рајковиќ беше во „егал“ само првиот период, а потоа ЦСКА ја презеде иницијативата, и до крај само ја зголемуваше предноста.
Клучната разлика беше направена во последниот период, кога момците на Рајковиќ заиграа како што од нив се бараше, и така дојдоа до победа од 28 разлика, што беше и највисоката на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА