Емил Рајковиќ ја продолжува жетвата на трофеи со тимот на Астана на казахстанската кошаркарска сцена откако македонскиот стратег денеска стигна до нов трофеј, овојпат во Купот на Казахстан.
Избраниците на Рајковиќ за ривал во финалето го имаа тимот на Тобол, успевајќи да триумфираат со убедливи 92-66. Победникот беше решен уште во првото полувреме што Астана го доби со 44-30, за тимот на Македонецот до крајот да стигне до уште поубедлив триумф.
Рајковиќ и Астана доминираат во казахстанската кошарка во последните неколку години, а паралелно со тоа оваа екипа бележи и успешни настапи во ВТБ-лигата, каде зеде скалпови на неколку руски гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА