Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Емил Рајковиќ на почетокот на неделава го презеде рускиот гигант, ЦСКА Москва. Иако поради инвазијата на Русија на Украина, рускиот тим нема да настапува во Евролигата, Рајковиќ веќе почна да го создава тимот за враќање на титулата во ВТБ лигата.
Рајковиќ доби екстра засилување, а се работи за кошаркарот на Црвена Звезда Дејан Давидовац. Давидовац одигра уште една одлична сезона во Црвена Звезда во која успеа да стигне до тројна титула.
За услугите на Давидовац беше заинтересиран и Баерн Минхен, но откако рускиот тим му понуди 800.000 евра годишна плата на Србинот тој ја прифати понудата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА