Емил Рајковиќ повторно заигра кошарка (фото)

Емил Рајковиќ бележи одлични резултати како предводник на ЦСКА Москва, а одличниот стратег имаше можност да се потсети и на сопствените кошаркарски квалитети, како дел од ревијалниот „меч на три генерации“ што се одржува како дел од олстар викендот во ВТБ-лигта.

На овој натпревар учествуваа и генералниот менаџер на ЦСКА, Андреј Ватутин, потоа првиот човек на ВТБ-лигата, Сергеј Кушенко, потоа претседателот на Нижњи, Сергеј Панов, а конечниот резултат гласеше израмнети 35-35.

„Благодарам, ВТБ-лига, што се потсетивме на нашите играчки денови“, објави Рајковиќ на својот фејсбук профил, заедно со неколку фотографии од настанот.

Се вчитува...