Емил Рајковиќ се раздели со Тофаш

Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ не е повеќе тренер на турскиот клуб Тофаш. Клубот од Бурса денеска ја објави разделбата со тренерот кој беше назначен на почетокот на сезоната 2025/26 година.

Одлуката за разделба е взаемно. Во меѓувреме клубот му се заблагодари на соработката.

„Сакаме да му се заблагодариме на нашиот драг тренер од името на нашиот клуб и кошаркарскиот клуб на неговиот придонес во тимот, и му посакуваме успех во следната фаза од неговата кариера“, стои во објавата.

Рајковиќ во Турција дојде откако ја предводеше екипата на ЦСКА Москва, а работеше во Автодор, Астана, Штал Остров, Сласк, МЗТ, Работнички и Фени.

Се вчитува...