Емил Рајковиќ имаше успешен старт на авантурата во Тофаш, во првото коло го зеде скалпот на европскиот првак Фенербахче, а по првите пет комплетирани со скор од 3-2 тимот на Тогаш се наоѓа на делба на петтото место со Галатасарај.
Одличниот македонски стратег од денеска доби нов огромен адут во битките за висок пласман откако Тофаш се пофали со потпист на Фуркан Коркмаз, турскиот репрезентативец кој до пред една година имаше успешна НБА-кариера. Коркмаз реши да ја напушти Европа и да потпише за Монако, но овој кошаркар воопшто не се снајде во евролигашот од „малото кнежевство“.
Крилниот играч замина на позајмица во Башекшехир, за сега да потпише договор со Тофаш до крајот на сезонава. Коркмаз беше дел од турската репрезентација што стигна до големото финале на Евробаскет 2025, а сега ќе биде клучен играч на Рајковиќ во атакот на што подобри резултати во турското првенство, но и во Лигата на Шампионите на ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

