Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва супериорно го почнаа настапот во плејофот од ВТБ-лигата, славејќи со убедливи 103-68 на премиерниот четвртфинален меч од серијата со Саратов. Македонкиот стратег не покажа милост за својот поранешен клуб, па ЦСКА со ново одлично издание покажа дека е главен фаворит за титулата во силното регионално натпреварување.
Московскиот гигант тргна моќно во нападот, па уште во првите десет минути успеа да постигне 30 поени, поведувајќи со 30-20. Избраниците на Рајковиќ на одмор заминаа со водство од 52-33, зголемувајќи ја предноста до самиот крај, за конечен триумф од конечни „плус 35“.
Сите 12 кошаркари кои беа дел од составот на ЦСКА на овој меч се запишаа меѓу стрелците, а најефикасни беа Милутинов со 16, Руженцев со 13 и Астапкович со 12 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА