Емил Рајковиќ и во следните две сезони ќе продолжи да го преводи тимот на Астана, откако македонскиот стратег оствари извонредни резултати на чело на казахстанскиот гигант. Двојната круна на домашната сцена беше рутински освоена, а остварен беше и историски успех во ВТБ-лигата, каде место во плејофот беше осигурано уште на пет кола пред крајот на регуларната сезона.
„Клубот ми понуди продолжување на соработкаа, а јас ги прифатив условите за нов двогодишен договор. Верувам дека ќе сториме се за да направиме уште поголем успех наредната сезона. Моја желба е да играме уште подобра, побрза кошарка, со која би им создале уште поголеми проблеми на ривалите“ – истакна Рајковиќ.
За извонредната сезона на македонскиот стратег најдобар доказ е фактот дека Рајковиќ беше избран за тренер на сезоната во моќната ВТБ-лига, во конкуренција на стратегот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА