Емил Рајковиќ продолжува со фантастичните резултати на клупата на Остров Стал, откако со оваа екипа успеа да се пласира во големото финале од плејофот во полскиот шампионат.
Македонскиот стратег лани на почната сезона стигна на кормилото на Остров, го воскресна овој тим и на крајот стигна до бронзен медал. Рајковиќ овојпат направи чекор напред, па во полуфиналето го елиминираше Торун со 3-1 во победи. По двата триумфи на домашен терен, следеше пораз на првото гостување, за Емил Рајковиќ и неговите избраници вечерва на гостински терен да го декласираат незгодниот ривал со 78-92, за заслужен пласман во големото финале.
Ривал на Остров во битката за трофејот ќе биде подобриот од полуфиналната серија меѓу Анвил и Зјелона Гора, во која кошаркарите на Зјелона Гора во моментов имаат водство од 2-1 во победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА