Емил Ристески е најдобриот македонски шахист по двете почетни кола на Европското првенство за млади во шах кое се игра во Рига, Летонија.
Ристески стартуваше со две победи во категоријата до 14 години, единствен со максимален ефект од македонските шахисти кои се натпреваруваат во шест возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 години).
Во втората рунда натпревари Емил Ристески (рејтинг поени 2081) со црни фигури славеше против Кулиќ од БиХ.
Од десет македонски претставници на ЕП, во 2. коло цел поен освои уште само Јована Давиткова во категоријата до 10 години, додека Иванов, Муча, Златков, Велјаноски, Лазов, Зрмановска, Златкова и Манова доживеаја порази.
На ЕП играат настапуваат вкупно 1.074 шахисти(к)и (1 ВМ, 1ЖВМ, 13 ИМ, 5 ЖИМ, 78 ФМ, 43 ЖФМ) или 200 шахисти со титула, од вкупно 47 држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА