Наградата за најдобар голман на 2023 година во изборот на „Франс Фудбал“ доделена на церемонијата „Златна топка“ заврши во рацете на аргентинскиот репрезентативец Емилијано Мартинез.
Мартинез беше клучен дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство кое се одржа во Катар каде „гаучосите“ се закитија со златниот медал. Покрај тоа 31-годишникот има и одлична клупска сезона бранејќи за сензацијата на Премиерлигата, Астон Вила.
What a surprise! Emiliano’s father is with him on stage! #ballondor pic.twitter.com/4660HiROlp
— Ballon d’Or #ballondor (@ballondor) October 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА