Емилијано Мартинез повторно најдобар голман

Голманот на Аргентина и на Астон Вила, Емилијано Мартинез ја освои наградата „Лав Јашин“ која се доделува на најдобриот голман.

Мартинез оваа награда ја освојува втора година по ред, откако се закити со овој трофеј и минатата година, пред се поради освојувањето на Светското првенство. Минатата сезона со Астон Вила успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...