Еминем, Др. Дре, Снуп Дог… ќе настапат на „Супербоул 56“

Американските рапери Еминем, Снуп дог, Др. Дре ќе настапат на полувреме на „Супербоул 56“, објавија американските медиуми. „Супербоул 56“ ќе биде одигран на 13. февруари 2022 година на новиот „Со фај“ стадион во Лос Анџелес.

ЛА на последниот натпревар во НФЛ сезоната ќе биде домаќин за првпат по пауза од скоро 30 години, односно од 1993 година. Покрај Еминем, Снуп дог и Др. Дре на сцената во ЛА ќе се појават и Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар.

Петте музичари вкупно имаат 43 „Греми“ награди, но досега никогаш немаа настапувано заедно. .

 

Се вчитува...