Eмини го води Сондерјиске кон првата лига на Данска

Македонскиот фудбалски интернационалец Сефер Емини одигра нов неверојатен натпревар во дресот на неговиот Сондерјиске во втората фудбалска лига на Данска.

Токму нашиот интернационалец беше еден од најголемите виновници за победата на неговиот тим од 2-0 над Хобро во мечот од 24. коло во второто по ранг данско натпреварување.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Гретарсон во 45. минута, додека конечните 2-0 беа дело токму на Емини во 59. минута. Сондерјиске во моментов е на 2. место на табелата со дури 14 бода повеќе од третопласираната Фредеричија. На мечот настапи и Иван Николов кој исто така беше во првата постава, и одигра 74. минути.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...