Еминова Блажевска постави нов македонски рекорд на 50 метри пеперутка

Македонската пливачка Миа Еминова Блажевска постави нов апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин.

Таа на Европското првенство до 23 години во Шаморин, Словачка, делницата од 50 метри делфин ја помина со време од 28.42 секунди, со што го собори сопствениот rекорд од 28.56 секунди.

Се вчитува...