Емир Спахиќ гостин на Омерагиќ во ФФМ

Легендарниот репрезентативец на БиХ, Емир Спахиќ, сега директор на националната селекција на оваа земја, викендов беше гостин во нашата земја, при што дел од слободното време мина и во просториите на ФФМ каде имаше конструктивна средба со првиот човек на мак-фудбалот, Масар Омерагиќ.

„Драго ми е што во “Куќа на фудбалот” му бев домаќин на Емир Спахиќ, актуелниот директор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Емир, заедно со селекторот Сергеј Барбарез и нивните соработници во последната година направија “лавовски” добра работа за босанскиот фудбал.

Разговаравме отворено и конструктивно, разменивме искуства и информации околу организацијата, стручната поставеност и развојните процеси во репрезентацијата.

Со посебен акцент разговаравме за работата со младинските категории, како и на следењето и интеграцијата на талентираните деца од дијаспората, кои ги следиме преку нашата скаутинг служба.

Верувам дека ваквите средби придонесуваат за подобра соработка и унапредување на фудбалот во регионот.

Спахиќ ни посака успех со македонската репрезентација, а јас сум уверен дека со заедничка посветеност и јасна визија можеме да продолжиме да го развиваме фудбалот на вистински начин“, напиша Омерагиќ по средбата со босанската фудбалска легенда.

Се вчитува...