Емотивен говор на Гвардиола: Срцето ми се кине кога гледам што се случува во Газа

Пеп Гвардиола вообичаено е фокусиран само на фудбалот, но трофејниот стратег при својот говор во Универзитетот во Манчестер се осврна и на други животни теми.

Гвардиола доби награда за огромниот придонес за градот поради успесите што ги бележи со Сити, а поранешниот тренер на Барселона во говорот посебен акцент даде на случувањата во Газа.

„Премногу ме боли она што го гледаме во Газа. Ме боли срцето, целото тело ми е повредено кога и да погледнам видео-снимки од она што се случува таму“, емотивно почна Пеп Гвардиола, по продолжи: Не станува збор за идеологија, ниту дали сум јас во право, а вие ние. Станува збор само за љубовта кон животот, за грижата кон соседите. Можеби мислиме дека тоа што гледаме како деца од четири години се убиени од бомба или пак во болница, затоа што во таа болница вее нема услови за работа, можеби мислиме дека тоа не е наш проблем. Сепак, бидете внимателни, следните деца од четири или пет години би можат да бидат нашите… Секое утро откако почна овој кошмар, кога и да ги погледнам оние бебиња во Газа помислувам на моите деца, и станувам многу, многу исплашен“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...