Емотивна исповед на германскиот селектор: Татко ми се самоуби…

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман неодамна имаше интервју за „Шпигел“ во кое искажа многу работи врзани за неговата кариера, за Баерн Минхен и за репрезентацијата.

За Баерн кажа дека не доби доволно време да ја среди ситуацијата во клубот, додека за Германија кажа дека луѓето треба да престанат да мислат дека тоа е топ репрезентација, затоа што е во голема криза во последните години.

Меѓутоа емотивно кажа и за приватниот живот, односно зборуваше за мигот кога неговиот татко работел во тајната служба, па извршил самоубиство.

„Често размислувам за тој ден. Бев на курс за тренер на Ц лиценца во Оберхакинг во близината на Минхен. Одеднаш директорот на курсот ми рече да излезам, а јас на смеа прашав: „Дали сум премногу добар?“. Следниот момент бев пред сериозен тест, кој ми кажа дека татко ми изврши самоубиство“, вели Нагелсман и продолжи:

„Татко ми не остави никакво писмо, немаше никакво објаснување. Но, начинот на кој го направи тоа јасно покажа дека имал јасна одлука. На семејството му беше многу тешко, но тоа ми помогна да сознаам дека тој навистина сакаше да умре и дека немаше сигнал за помош. Мислам дека мораме да ја почитуваме таа одлука. Не знам што работеше. Сигурно не беше во администрацијата, но не смееше да зборува за твојата работа. Беше многу духовенч човек и секогаш насмеан. Сакаше да биде со пријателите, свиреше гитара, пееше“, рече Нагелсман.

Се вчитува...