Емотивна изјава на братот на Нури – Апи е свесен, знае дека е на место на кое е сакан

Во период на лоши вести ширум светот, синоќа стигна прекрасна информација од Амстердам, каде фудбалерот на Ајакс, Абделхак Нури, се разбуди од кома по повеќе од две години откако колабираше среде терен за време на натпревар на холандскиот гигант. Братот на Абделхак, Абдерахим раскажува за состојбата на младиот фудбалер.

„Состојбата на Апи е добра. Што значи тоа? Тој е буден, тој спие, јаде, само се уште не станува од креветот. Имаме и минимален начин на комуникација. Тој мрда со веѓите. Не може долго да го праи тоа, но за него тоа е како да спортува. Убавата вест е тоа што тој е свесен каде е. Знае дека е на место каде е сакан, со фамилијата и добро е запознаен со тоа“, изјави Абдерахим. 

Талентираниот ас на Ајакс се онесвести за време на пријателскиот меч со Вердер одигран на 8 јули 2017 година.

Се вчитува...