Денеска навршува точно една година од смртта на Синиша Михајловиќ, откако поранешниот српски репрезентативец и селектор ја загуби најважната битка, која траеше со години против тешката болест.
Сампдорија денеска ќе истрча на терен со дресови специјално дизајнирани во чест на својата фудбалска легенда, на годишнината од смртта со емотивна објава се јави и сопругата на Синиша, Аријана.
„Никогаш не беше само љубов. Тука беше и прегратката која ми кажа – немој да се плашиш. Година дена без тебе, ми недостигаш“, напиша Аријана на својот инстаграм профил, со фотографија крај големиот фудбалски ас.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

