Емотивна порака од братот на Михајловиќ: Оваа чаша е полна за тебе…

Синиша Михјаловиќ денеска ќе полнеше 57 години доколку не ја загубеше битката со тешката болест, па јасно е зошто неговото семејство со посебни емоции го доживува овој ден.

Во тој правец, денеска неговиот брат Дражен Михајловиќ објави емотивна порака, со слика од Синиша и три чаши со ракија на домашната маса.

„Денеска една чаша стои полна за тебе, иако не можеме да наздравиме заедно. Денеска не го славиме само денот на кој си роден, туку сето она што беше и што засекогаш ќе останеш – симбол на борбата, гордоста и добрината. Празнината е голема, но гордоста уште поголема“, напиша Дражан Михајловиќ за фудбалската легенда што прерано го загуби животот.

Се вчитува...