Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер доцна синоќа стави крај на својата богата кариера која ја зачини со 20 гранд-слем титули.
Емотивно беше во „О2“ арената во Лондон по мечот во двојки кој го загуби со Рафаел Надал од американскиот пар Џек Сок/Френсис Тиефо како дел од „Лејвер купот“.
По мечот испраќањето на Роџер во тениска пензија беше едно од најемотивните настани во историјата на тенисот.
Откако при говорот не успеа да ги сопре солзите во неколку наврати, на теренот му се приклучи и неговата сопруга Мирослава Вавринец која повеќе од 20 години ги следеше сите настапи на својот сопруг.
И самиот Роџер во неколку наврати за неа има кажано дека е „Неговата најголема поддршка и дека заедно го изедоа целиот пат наречен тенис“.
— Luigi Gatto (@gigicat7_) September 23, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

