Младиот возач во Формула 2 шампионатот, Хуан Мануел Кореа во август месец годинава доживеа страотна несреќа на трката за ГН на Белгија која се вози на „Спа“. Тој со полна брзина се удри во болидот на Антоан Убер кој за жал на лице место почина. Докторите со седмици се бореа за животот на младиот Кореа, врз кого беа извршени голем број оперативни зафати, а последната траеше неверојатни 17 часа.
Тој денеска по готово два месеци успеа повторно да застане на нозе. Тоа беше навистина емотивен момент, а младиот возач сега го очекува догла фаза опоравување.
Step by step…
Great to see Juan Manuel Correa back on his feet for the first time since his accident ?#StayStrongJM @JMCorrea__ @FIA_F2 pic.twitter.com/5hTl8zJrGC
— Formula 1 (@F1) October 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА