Емотивни сцени во Лајпциг: Судија плачеше како мало дете

По натпреварот помеѓу Лајпциг и Астон Вила во Лигата на шампионите, на теренот на „Ред Бул Арена“ е видена многу потресна и емотивна сцена. 

Имено, откако Астон Вила го совлада Лајпциг со резултат 3:2, со што „биковите“ станаа првиот тим во Европа што испаднал од кое било лигашко натпреварување, ги видовме солзите на италијанскиот судија Алесандро Џалатини.

За него ова беше последен меч во неговата речиси 20-годишна кариера, поради што не можеше да го запре напливот од емоции.

Нему му пријдоа неговиот колега, главниот судија Маурицио Маријани, како и тренерот на Лајпциг, Марко Розе, односно стоперот на Вила, Пау Торес. Сите го тешеа, додека Џалатино плачеше „како дожд“ по крајот на кариерата.

Се вчитува...