Емотивни сцени во Њукасл: Сопругата и синовите на Атсу во солзи за време на минутата молк на „Сент Џејмс Парк“

Траорна беше атмосферата пред почетокот на денешното дерби меѓу Њукасл и Ливерпул, за време на минутата молк во чест на Кристијан Атсу, поранешниот фудбалер на Њукасл чие тело денеска по повеќедневна потрага беше пронајдено по страшниот земјотрес во Турција.

Сопругата на Атсу заедно со нивните два сина беше присутна во ложата на „Сент Џејмс Парк“, не можејќи да ги запре солзите додека од трибините се слушаа аплаузи во чест на починатиот фудбалер.

Се вчитува...