Емотивно: Динамо Киев го одигра првиот натпревар по почетокот на војната во Украина (ФОТО)

Јуниорската екипа на Динамо Киев е првиот украински тим кој одигра фудбалски натпревар по почетокот на руската инвазија во земјата. Во осминафиналето од јуниорската Лига на Шампиони тимот од главниот град на Украина се сретна со Спортинг Лисабон во натпревар кој беше одигран во Букурешт, а претрпе пораз од 2-1.

Фудбалерите на Динамо на теренот искочија со украински знамиња, натпреварот започна со минута молк во чест на жртвите на војната, а сино-жолтата боја можеше да се види и на стадионот во главниот град на Романија.

По завршувањето на натпреварот следеа емотивни сцени откако фудбалерите на Динамо заминаа на трибините каде се сретнаа со своите блиски.

Се вчитува...