ЕМОТИВНО: Ливерпул со роденденска честитка за непреболениот Диого Жота

Пред нешто повеќе од пет месеци, Диого Жота трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Неговата смрт го обедини фудбалскиот свет, а сеќавањето на него сè уште не бледнее. Затоа, во Ливерпул, по повод неговиот роденден, објавија посебна честитка.

„Денеска, како и секој друг ден, се сеќаваме на Диого Жота, кој ќе го славеше својот 29-ти роденден. Сета наша љубов, мисли и молитви продолжуваат да бидат со неговата сопруга Рут, неговите деца, неговите родители и сите негови пријатели, како и од неговиот брат Андре. Засекогаш во нашите срца, засекогаш нашиот број 20“, објавија „црвените“ на своите социјални мрежи.

 

Се вчитува...