Аргентина и Франција денеска од 16 часот ќе се сретнат во финалето на Светското првенство во Катар. Лионел Меси на овој меч има шанса да ја заокружи својата блескава кариера со освојување на единствениот трофеј кој недостига во неговите витрини.
Првата учителка на Меси од Росарио му посака среќа на Аргентинецот во финалето на Мундијалот, при што посака да го гушне барем уште еднаш додека е жива.
„Вистина е дека сакав да те видам. Си реков да ти напишам писмо. Сакам да те видам, затоа што не сум најдобро, имам проблеми со срцето и сакам да те гушнам пред да умрам. Поздрав Меси. Му благодарам на Бог што бев твоја учителка. И му благодарам што ти ми беше ученик. Никогаш не се менувај. Ти си преубав, чувствителен и едноставен“, напиша учителката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА