Емотивно утро во Ливерпул: Клоп и фудбалерите му оддадоа почит на загинат навивач

Јирген Клоп и неговиот тим му оддадоа почит на градежниот работник кој загина додека работеше на новиот стадион на Евертон.

Менаџерот на Ливерпул и неговиот тим утринава излегоа на „Брамли Мур Док“ за да му оддадат почит на Мајкл Џонс (26), кој трагично го загуби животот во понеделникот. Долгогодишниот навивач на Евертон, од Киркби, беше итно пренесен во болницата Ајнтри откако се повреди на работа, но за жал почина кратко потоа.

Фотографиите направени утрово го прикажуваат Јирген Клоп како положува венец на локацијата: „Сочувство од сите во фудбалскиот клуб Ливерпул. YNWA“.

 

Се вчитува...