Емотивно ’збогум’ за Тијаго Мота на „Паркот на принцовите“

Пари Сен Жермен во претпоследното коло во француското првенство загуби на домашен терен од Рен со 0-2. Но, на овој меч резултатот не беше во прв план, со оглед дека „светците“ одамна ја заверија шампионската титула. Од фановите на „Паркот на принцовите“ се прости играчот за врска, Тијаго Мота, кој во последните шест и пол години го носеше дресот на ПСЖ. Во последниот меч во Париз, тој беше заменет во 77.минута, а доби френетични овации од навивачите.

„Сакам да ви кажам благодарам за поддршката во изминатиот период, и не ви велам ’збогум’, туку ќе се видиме наскоро. Секогаш ќе бидам дел од ПСЖ“, порача Тијаго Мота на своето простување од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...