Емотивно збогување на Модриќ: Реал Мадрид ми даде сѐ

Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако се надеваше на победа и пласман во финалето, 38-годишниот хрватски играч од средниот ред се збогува со зборови на благодарност и емоции по 13 историски години во редовите на „белите“.

Пред официјалните канали на клубот, Модриќ испрати трогателна порака до претседателот Флорентино Перез, неговите соиграчи и навивачите:

„Претседателот ми беше многу важен, пред сè затоа што ме донесе тука. Од тој момент, тој секогаш ми покажуваше посебна наклонетост и се однесуваше многу добро кон мене. Сега можам да го кажам тоа: се однесуваше поинаку со мене. И мислам дека го покажа тоа на мојот последен натпревар, бидејќи никогаш не го видов да плаче“, сподели Модриќ .

„Заврши еден незаборавен, славен и победнички период. Она што го доживеав ме прави уште посреќен. Сеќавањето на сè што постигнав овде ме прави многу среќен, иако сум на крајот од оваа фаза. Во Реал Мадрид пораснав како играч и како личност. Реал Мадрид ми даде сè во фудбалот и за тоа ќе бидам благодарен до крајот на животот. Секогаш ќе бидам Мадридиста“, изјави хрватскиот фудбалер, кој сега го чека нова средина, откако се реши да се пресели во Милан.

 

Се вчитува...