Шпанецот Рафаел Надал го заврши турнирот во Мадрид со пораз во осминафиналето од Чехот, Јирџи Лехечка во два сета.
Емотивно беше збогувањето на Надал синоќа од публиката во Мадрид, затоа што како што рече ова е последен пат за него да игра во својата татковина.
По мечот Надал истакна дека се тешки овие момент за него, не знае дали ќе игра на Ролан Гарос, но знае дека полека се доближува до крајот.
„Ова е навистина тежок момент за мене. Сепак, моето тело веќе испраќа сигнали подолго време. Сонот ми беше да завршам тука, имав среќа мојата страст да ја претворам во работа и победи. Бев привилегиран. Мојот сон до крајот е да ги одиграм турнирите на кои имав успех во минатото. За жал отпадна Монте Карло, но во Рим освоив, мислам десет титули. Сакам да играм таму во добро светло. Имам планови ќе видиме како ќе течат работите. Не знам дали ќе играм на Ролан Гарос, но веќе се доближува крајот“ – рече Надал.
Rafa Nadal waves goodbye to the crowd in Madrid for the very last time.
Listen to that noise.
That’s the sound of 13,000 people who’ve been inspired & moved by what this man has given to the sport for so many years.
A king leaving his kingdom. 👑🥹
pic.twitter.com/eK5ZxseVzq— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) April 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА