Емотивно збогување на Жорди Алба од Барселона (ВИДЕО)

Уште една легенда на Барселона денеска со изненадувачко збогување од клубот. Откако претходно Серхио Бускетс одлучи дека за него е време за некој нов предизвик, сега и Жорди Алба по цели 11 години и официјално објави дека заминува од „Камп Ноу“.

Алба и официјално ја потврди претходната вест дека го напушта клубот, објавувајќи преку социјалните мрежи емотивно видео збогувајќи се од клубот.

Жорди ги освои сите можни трофеи со Каталонците, долго време беше незаменлив на левата бековска позиција, за да сега се одлучи на заминување пред крајот на договорот.

Неговото заминување и она на Бускетс се во насока на отворање финансиски простор за враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Се вчитува...