Максимално емотивно е вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде македонските фудбалери го играат квалификацискиот дуел со Велс.
Трибините се исполнети до последното место, а навивачите направија извонреден потег кога во 59. минута сите во еден момент застанаа на нозе, почнувајќи со аплаузи, во чест на 59-те жртви од големата трагедија во Кочани.
Играта беше прекината, па фудбалерите им се приклучија на навивачите со аплаузите, во долгата минута што мина во чест на оние кои ги загубија животите во една од најголемите трагедии во историјата на нашата држава…
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ МОРНИЧАВИТЕ СЦЕНИ НА АРЕНАТА „ТОДОР ПРОЕСКИ“ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА