Емоции до небо: Шпалир од Баерн за Томас Милер на последниот меч на „Алијанц Арена“ (видео)

Баерн Минхен славеше со 2-0 над Борусија Менхенгладбах во меч што ќе остане запаметен како последен на Томас Милер одигран на „Алијанц Арена“.

Баварците се погрижија испраќањето да биде спектакуларно, па така ветеранот беше стартер, а при замената во 84. минута соиграчите му направија „шпалир“ додека од трибините ечеше неговото име.

Милер одигра 750 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 248 погодоци надополнети со 274 асистенции, освојувајќи 13 титули во Бундес-лигата и два пехара во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...