Јувентус не успеа го добие големото дерби одиграно вечерва во Торино, откако со 2-2 ремизираше против Лацио во рамки на натпреварот од 37. коло од италијанската Серија А.
Јувентус уште во 10.та минута го отвори дерби дуелот со Лацио, откако Алваро Мората испрати одличен центар шут за Душан Влаховиќ, кој немаше проблем со глава да ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0 и ерупција на трибините.
„Црно-белите“ ја имаа целосната контрола над противникот, а ваквата доминација ја „круниса“ Алваро Мората во 36. минута, гол за 2-0, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел Лацио ја намали предноста на домаќинот на 2-1, тимот од Рим доби помош од Алекс Сандро, кој по една мешаница во шеснаесетникот на Јуве ја затресе сопствената мрежа. Во последните минути од мечот, гостите преку Сергеј Милинковиќ дојдоа до големи реми и бод вреден „злато“. По ваквиот исход работите остануваат исти на табелата за Јуве, кој е сигурен патник во ЛШ следната сезона, додека за Лацио ова значи предност од три бода во битката со Рома за излез на европската сцена.
Тимот на „Старата дама“ овој меч ќе го памети засекогаш, имајќи предвид дека од следната сезона ќе остане без столбот на одбраната, Џорџо Кјелини, кој по 18 години се прости со фановите и најави дека го напушта торинскиот гигант. Тој вечерва против Лацио ги одигра последните минути за Јуве. Во 18. минута, Масимилијано Алегри го извади од игра легендарниот дефанзивец, кој со емоции се поздрави од домашната публика. Неговото место во последната линија на Јуве го зазеде Де Лихт.
The moment Chiellini got subbed off 💔pic.twitter.com/n5KuEoIMxq
— Juve Canal (@juve_canal) May 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА