Фудбалската репрезентација на Шведска ја очекуваат квалификации за СП 2022 против Косово и Грузија и пријателски дуел против Естонија. Во дресот на репрезентацијата се врати и 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој плачеше на прес-конференцијата пред медиумите, откако беше запрашан за неговиот син и семејството.
На Златан му е жал што не може да биде со неговиот син и семејството во Швеска, имајќи предвид дека репрезентациите мора да бидат во карантин за следните натпревари според протоколот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.
Ибрахимовиќ не можеше да ги задржи солзите, а после тоа одговори на прашањето за Милан, каде рече дека ужива во игрите и дека верува во проектот – „росонери“.
Ibrahimovic y su emoción en la conferencia de prensa cuando le preguntaron que piensan sus hijos de su regresó a la selección. pic.twitter.com/ifnzYOlAuz
— Selección de Suecia (@seleccionsuecia) March 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА