Виница годинава по вторпат беше домаќин на спортскиот настан Чупино Треил, кој опфати три трки Чупино Треил од 40км (2000м +Д), Бумбарска Треил од 16км (550 Д+) и Алми Детска трка. Предизвикувачките живописни патеки на Плачковица повторно си ги покажаа своите убавини и собраа одлична селекција тркачи од регионот.
На трката на 40 километри во 8 часот стартуваа 40 тркачи од кои 39 успешно ја завршија трката. Победата во машка конкуренција му припадна на Ивајло Атанасов кој делницата од 40 километри ја помина за 4:06:56 секунди, што беше за 3 минути и 29 секунди побрзо од второпласираниот Марјан Бонев од Македонија. Со бронзата се закити Дејан Тодевски. Кај дамите приматот за најуспешна и припадна на Сања Најдовска, која победи пред Ивана Јовановска и Катерина Николовска.
На пократката делница од 16 километри стартуваа 103 тркачи и сите успешно финишираа. Кај мажите на подиумот се искачија Мирослав Спасов, Дејан Ангеловски и Игор Јакимовски, додека кај дамите Марија Пеликoн од Македонија, Брук Филиповски од Австралија и Талија Петреска од Македонија.
Чупино Треил 40km 2000 D+
1.Ивајло Атанасов 4:06:56
2. Марјан Бонев 4:10:25
3. Дејан Тодевски 4:11:43
Победници на трката во женска конкуренција се:
1. Сања Најдовски 5:37:42
2. Ивана Јовановска 5:50:00
3. Катерина Николовска 6:39:27
Бумбарска Треил 16km 550 D+
1. Мирослав Спасов 1:13:00
2. Дејан Ангелоски 1:17:28
3. Игор Јакимовски 1:20:55
Победници на трката во женска конкуренција се:
1. Марија Пеликон 1:41:57
2. Brooke Filipovski 1:44:02
3. Талија Петреска 1:45:31
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА