Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, без сомнение, се запишани како најголемите ривали во историјата на УФЦ натпреварувањето.
Силна страст, емоција, жар, жестина и лут ривалитет ги одбележуваат сите нивни досегашни дуели во октагонот, поради што огромна е желбата на љубителите на ММА за нивна нова меѓусебна средба.
МекГрегор неодамна најави пензионирање, но малку кој верува дека не би се активирал доколку Хабиб прифати нова борба со него. Во блиска иднина сигурно нема да има и поради трагедијата која го затекна Нурмагомедов со смртта на неговиот татко кој почина од последици на коронавирусот. А, се до нивната идна средба остануваат забележани и моментите од претходните борби и начинот на кој од аголот на Нурмагомедов ја следат борбата, и реакциите на неговите најблиски….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА