Фудбалерите на Јувентус најверојатно ги пропуштија сите шанси за освојување трофеј сезонава, откако по елиминацијата во Лигата на шампиоините и слабиот настап во Серија А, го завршија своето учество и во Копа Италија.
Тие вечерва по изведување на пенали загубија на домашен терен од Емполи со 2-4, откако по деведесет минути игра резултатот беше 1-1. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Малех во 24. минута. На 1-1 израмни Турам во 66. минута.
Во пенал серијата Влаховиќ и Јилдиз не ги реализираа пеналите за својот тим, што беше доволно за триумф на гостите од 2-4.
Juventus [1] – 1 Empoli – K. Thuram Great-goal 66'
byu/dotuan211 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

