Емполи и Удинезе без „муниција“

Емполи и Удинезе го отворија 8. коло во Серија „А“, и тоа неубедливо со најнепопуларниот резултат 0-0. Сепак, не беше толку здодевно на теренот колку што покажува резултатот, со оглед дека и двата тима имаа прилики.

На Емполи му беше поништен и гол по консултација со ВАР, а двете екипи најдобрите прилики ги имаа дури во финишот. Херој на средбата е голманот на Удинезе кој успеа да одбрани три шута на домашните.

Со ова „реми“ Удинезе и натаму останува без триумф, но дојде до петтиот бод, додека Емполи има само четири, и ова за нив беше првиот нерешен резултат во сезоната.

Се вчитува...