Емре Џан дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот првак Јувентус, потврдија италијанските медиуми. Германскиот репрезентативец се согласи да се пресели во Торино како слободен играч откако ќе му заврши договорот со Ливерпул во јуни.
Џан се согласил на петгодишен договор, а ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Со почетокот на новата година германскиот играч за врска имаше право на преговори со други клубови знаејќи дека му остануваат само шест месеци до крајот на неговата соработка со „црвените“. Раководството на Ливерпул не направи никакви напори кон обновување на истата соработка, додека со Јувентус најде заеднички јазик за многу брзо време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА